• петок, 27 декември 2024

Во велешко Горно Оризари зголемен капацитетот за водоснабдување од 10 на 16 литри во секунда

Во велешко Горно Оризари зголемен капацитетот за водоснабдување од 10 на 16 литри во секунда

Велес, 28 јули 2023 (МИА) - Со цел да се зголеми капацитетот на водоснабдувањето за велешкото село Горно Оризари, денеска ЈКП„Дервен“  постави нова хоризонтална повеќестепена центрифугална пумпа за водоснабдување (со електромотор и вклучено постоље) од тип: SKM 50C-3 (30 KW, n=2900 o.min) во препумпната станица во селото.

Како што информираат од ЈКП„Дервен“, старата  пумпа обезбедувала максимум 10 литри во секунда вода за селото, додека новопоставената пумпа ќе пласира 16 литри во секунда вода за домаќинствата. Пумпата е набавена од сопствени средства на претпријатието, во висина од 355 илјади 492 денари.

- Апелираме до жителите на  Горно Оризари  водата од водоснабдителниот систем да ја трошат  наменски, за потребите на домаќинствата, односно да не ја користат за наводнување на земјоделски култури затоа што водоснабдителниот систем не е предвиден за таа намена и нема капацитет за користење во земјоделието, порачуваат од ЈКП„Дервен“. ад/цр

Фото: МИА

Остани поврзан