• петок, 18 октомври 2024

Вонредни контроли на АХВ и во Куманово, уништени околу 100 килограми небезбедно месо

Вонредни контроли на АХВ и во Куманово, уништени околу 100 килограми небезбедно месо

Скопје, 18 октомври 2024 (МИА) - Приближно 100 килограми небезбедно месо и подготовки од месо нештетно уништија инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) во вторникот во Куманово, при спроведени вонредни надзори во ресторани, месарници и маркети.

За утврдените недоследности - продажба на замрзната чорба, ставање во промет на замрзнати подготвени подготовки од месо ( плескавици, ражнич), продажба на месо и подготовки од месо без декларација, како и за измината важност на санитарни книшки на вработени кај оператори со храна и непоседување на комплетна документација, изречени се мерки опомена и парични казни во висина од 100 до 1000 евра во денарска противвредност, зависно од тежината на прекршокот и големината на операторот со храна.

Според АХВ, со инспекциски надзори во овој град опфатени беа и два големи супермаркети кај кои не беа утврдени неусогласености со прописите од областа на безбедноста на храната. мч/дма/

фото: МИА архива

 

Остани поврзан