• сабота, 28 декември 2024

Во Собранието ќе заседаваат три комисии

Во Собранието ќе заседаваат три комисии

Скопје, 20 ноември 2024 (МИА) - Во Собранието денеска седница ќе одржат комисиите за економски прашања, труд и енергетска политика, за локална самоуправа и Законодавно правната комисија.

Членовите на Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика ќе расправаат по Предлог законот за дополнување на Законот за концесии и јавно приватно партнерство во второ читање.

На дневен ред на Комисијата за локална самоуправа е Предлог законот за изменување на Законот за меѓуопштинска соработка во второ читање.

На седницата на Законодавно правната комисија ќе се дискутира по Предлог на законот за дополнување на Законот за концесии и јавно приватно партнерство, Предлог на законот за изменување на Законот за меѓуопштинска соработка, и двата во второ читање и Барањето за давање на автентично толкување на член 13 од Законот за пожарникарство („Службен весник на Република Македонија" бр. 67/04, 81/07, 55/13,158/14,193/15, 39/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија" бр. 152/19), поднесено од градоначалникот на Општина Пробиштип. фф/дма/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан