• среда, 13 ноември 2024

Возач на македонски туристички автобус загинал во сообраќајка во Италија, 12 патници повредени (ДПЛ)

Возач на македонски туристички автобус загинал во сообраќајка во Италија, 12 патници повредени (ДПЛ)

Скопје, 4 април 2024 (МИА) - Сообраќајната несреќа на македонскиот туристички автобус, во која загина 59-годишен возач, се случила денеска околу 9.30 часот во тунел на делница од автопатот А14 во регионот Марке во Италија. 

Како што пренесе италијанската новинска агенција АНСА, несреќата во тунелот Винчи (Купра Маритима) се случила помеѓу три товарни возила – автобусот и два камиона, а од сударот избувнал пожар од еден камион што пренесувал алкохол. 

За несреќата вечерва соопшти Министерството за надворешни работи кое било известено од нашата Амбасада во Рим дека меѓу градовите Асколи Пичено и Анкона се случила сообраќајна несреќа во која учествувал автобус на туристичка агенција од Северна Македонија во која „на самото место починал возачот на автобусот - Р. И. (1965) додека полесно повредени се 12 патници, исто така наши државјани“.

Италијански медиуми објавуваат дека повредените патници биле пренесени во болници. Пожарникарите интервенирале и го изгаснале пожарот, а автопатот бил затворен за сообраќај и повторно отворен во 15.30 часот. хс/лв/

Фото: АНСА 

 

 

Остани поврзан