• недела, 24 ноември 2024

Водата за пиење во Скопје е безбедна и квалитетна

Водата за пиење во Скопје е безбедна и квалитетна

Скопје, 1 април 2024 (МИА) - Безбедна и квалитетна е водата за пиење во Скопје, покажува најновиот неделен извшетај на ЈП Водовод и канализација - Скопје.

Како што информира претпријатието, Секторот за санитарна контрола во периодот од 25 до 29 март земал 183 примероци за физичко-хемиска и 183 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 39 мерни места во Градот Скопје.

Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење. дма/бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан