• понеделник, 23 февруари 2026

Приведени двајца возачи во Кавадарци, едниот под дејство на алкохол удрил во паркирано возило, кај другиот пронајдена марихуана

Приведени двајца возачи во Кавадарци, едниот под дејство на алкохол удрил во паркирано возило, кај другиот пронајдена марихуана

Кавадарци, 23 февруари 2026 (МИА) - Приведени биле двајца возачи во Кавадарци, едниот под дејство на алкохол удрил во паркирано возило, на другиот во возилото му нашле марихуана, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.

-Денеска во 00:10 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Б.И.(25) од Кавадарци. Претходно, тој на улица „Димката Ангелов Габерот“ во Кавадарци, управувајќи патничко возило „ауди“ со кавадаречки регистарски ознаки, удрил во паркирано патничко возило „голф“, сопственост на Л.И.(20) од Кавадарци. По преземени мерки било констатирано дека Б.И. бил под дејство на алкохол, односно измерени му биле 1.52 промили алкохол во крвта. По насоки на јавен обвинител, тој бил задржан во полициска станица, а возилото било привремено одзeмено и по целосно документирање на случајот, против него ќе бидат поднесени соодветни пријави, појаснија од СВР - Велес.

Вчера пак во 15:10 часот во Кавадарци, полициски службеници го лишиле од слобода Ј.К.(47) од Скопје затоа што при преглед на патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, била пронајдена и одземена марихуана. 

-Тој бил приведен во полициска станица и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, додадоа од СВР Велес. свд/дма/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан