• понеделник, 23 февруари 2026

Општина Кочани продолжува со обновување на јавните зелени површини

Општина Кочани продолжува со обновување на јавните зелени површини

Кочани, 23 февруари 2026 (МИА)  - Општина Кочани ги продолжува редовните активности за уредување и обновување на јавните зелени површини во градот. Во изминатиот период беа обновени оштетените и исушените садници во разделното зеленило и на тротоарите на улиците Стево Теодосиевски, Тодосија Паунов, Борис Трајковски, Глигор Апостолов-Гочо и други во централното градско подрачје.

Во рамки на акцијата се засадени нови садници од јавор, јасен и црвена слива, со што се збогатува урбаното зеленило и се подобрува амбиентот во градот. Активностите продолжуваат и оваа седмица со садење фиданки на улицата Роза Петрова и во населбата Усова Чешма.

Од почетокот на годината до денес, на различни локации низ градот се засадени околу 600 чемпреси, како дел од програмските активности на Општина Кочани и континуираните напори за создавање поздрава животна средина.

Надлежните општински служби упатуваат апел до граѓаните совесно да се однесуваат кон новозасадените садници, да не го оштетуваат зеленилото и, каде што е можно, да се вклучат во грижата за растенијата во својата непосредна околина. ис/дма/

Фото: Општина Кочани

Остани поврзан