• сабота, 06 декември 2025

Водата во Скопје квалитетна и безбедна за пиење

Водата во Скопје квалитетна и безбедна за пиење

Скопје, 30 јуни 2025 (МИА) - Водата во Скопје е квалитетна и безбедна за пиење, покажуваат податоците од направените анализи на 211 примероци од 47 мерни места.

-Секторот за санитарна контрола во периодот од 23 до 27 јуни 2025 зема 211 примероци за физичко-хемиска и 211 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 47 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци офговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење,  се вели во соопштението од „Водовод и канализација“ - Скопје.

Јавното претпријатие, како што се наведуваат оттаму, со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, овие податоци ги објавува во неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола. дма/са/

Фото: ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје

Остани поврзан