• среда, 13 ноември 2024

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе предлог закон за легализирање на трговијата со криптовалути и тоа без ДДВ

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе предлог закон за легализирање на трговијата со криптовалути и тоа без ДДВ
Скопје, 23 јули 2021 
ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе предлог закон за легализирање на трговијата со криптовалути и тоа без ДДВ. Предлог законот ќе опфаќа и даночно ослободување со 0% данок на добивка и персонален данок на доход најмалку до 2023 година. Трговијата и чувањето на криптовалути е веќе возможно во развиените земји. Во САД Пеј Пал веќе нуди на своите клиенти трговија со криптовалути, а во Германија над 40 банки вршат размена и плаќање со криптовалути. Да не чекаме иднината да дојде, туку да ја донесеме иднината. Со формализирање на трговијата и чувањето на криптовалутите се создава правна сигурност на тргувачите и се овозможуваат големи приходи за буџетот. Со ова предлог решение може да се генерираат и до половина милијарда евра во буџетот. Време е да се свртиме кон иднината. Време е за напредни технологии и развој. Време е за Македонија за сите луѓе!
 
Со почит, 
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
____________________________________________________________________________   МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.
  

Остани поврзан