• вторник, 30 јули 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Надлежните не можат да утврдат дали има мајмунски сипаници кај едно суспектно лице

ВМРО-ДПМНЕ: Надлежните не можат да утврдат дали има мајмунски сипаници кај едно суспектно лице
12 август 2022  Во секој сегмент од државата се случува распад на ситемот. Последен случај за тоа е во здравството. Во Македонија институциите 4 дена не можат да утврдат дали има или нема мајмунски сипаници, заразна болест која зема силен замав во цела Европа. Едно лице кое што е суспектно им избега од болница, одбивајќи да се тестира и сега се обидуваат да стапат во контакт со него. Оттука логично се поставува прашањето дали ова лице не е опасност по здравјето и животите на другите луѓе? Дали ова лице може да ја прошири болеста и на тој начин работите да излезат од контрола? Лицето кое е суспектно и кое е можен заболен со мајмунски сипаници треба да биде под здравствен надзор, а тоа треба да се овозможи преку ангажирање на сите надлежни институции. Неспособноста и неодговорноста на институциите може да загрозат животи и здравје. Недозволиво е за сериозна здравствена закана надлежните да креваат раменици и да дозволат суспектни или заболени лица да се шетаат слободно и да загрозуваат други. Свесни ли се дека на тој начин може да предизвикаат епидемија, па наместо да се спречи ќе треба да се лечи, ккао што вели народот. Ова е скандалозно. За ваквата епска неспособност и неажурност треба некој да понесе одговорност. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ __________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан