• сабота, 23 ноември 2024

Владеењето на правото и борбата против сивата економија и корупцијата, клучни проблеми за бизнисот

Владеењето на правото и борбата против сивата економија и корупцијата, клучни проблеми за бизнисот

Скопје, 30 април 2024 (МИА) - Владеењето на правото и борбата против сивата економија и корупцијата, се трите клучни проблеми за чие решавање постои целосна, стопроцентна согласност меѓу бизнисот и ВМРО-ДПМНЕ, беше речено по денешната средба на Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ) со партискиот лидер Христијан Мицкоски и неговиот економски тим.

СКСЗМ ги оцени како конструктивни разговорите со Мицкоски и ги повтори барањата, како и очекувањата од идната влада. Мицкоски, пак, нагласи дека дел од проектите и предлозите што на СКСЗМ се веќе содржани во Платформата 1198.

-Имавме конструктивен состанок со ВМРО-ДПМНЕ, разговаравме за идните четири години во стопанството. Ние и порано ја имаме предложено нашата Платформа со конкретни барања, а проблемите од пред четири години мислиме дека ќе ги решиме заедно, како партнери, со идната влада. Во некои точки се согласуваме и дел од нашата Програма ја има во партиската Програма на ВМРО-ДПМНЕ. Тука сме задоволни, веруваме дека нема да остане се тоа само во програмата, туку дека проблемите ќе се решаваат. Остануваме да бидеме глас на стопанството и ако не се реализираат нашите барања јавно ќе критикуваме и ќе бараме погласно да се реализираат. Владеењето на правото и борбата против сивата економија и корупцијата се трите точки околу кои целосно се согласуваме со ВМРО-ДПМНЕ дека треба да се решат, веруваме дека идната влада ќе ги отстрани овие аномалии за да напредува стопанството, изјави претседателот на СКСЗМ, Менди Ќура.

Според Мицкоски, се што е реално и може да се реализира, е опфатено во предизборната програма.

-Имавме навистина еден квалитетен состанок на кој можевме да разговараме за економската програма што е составен дел од Платформата 1198. Дел од проектите и предлозите што ги имаше СКСЗМ се содржани во Платформата 1198, бидејќи ова не е прва состанок, имавме неколку состаноци претходно и тимови од ВМРО-ДПМНЕ има состаноци со претставници на Комората. Мислам дека се што е реално и можеме да го оствариме, го опфативме во предизборната програма. Цениме дека тоа во најголема мера ќе биде одговор на реалните потреби на бизнис заедницата, нагласи Мицкоски. мч/лв/

фото/видео: МИА

 

Остани поврзан