• понеделник, 29 јули 2024

Виљареал го отпушти Каљеха, се отвори место за Емери

Виљареал го отпушти Каљеха, се отвори место за Емери
Виљареал, 21 јули 2020 (МИА) – Раководството на шпанскиот фудбалски прволигаш, Виљареал, му додели отказ на тренерот Хавиер Каљеха. Четириесет и двегодишниот фудбалски стручњак го предводеше Виљареал уште од сезоната 2017/18. На 10 декември 2018 тој поднесе оставка, но се врати по месец и половина - на 29 јануари 2019 година. Под водство на Каљеха, Виљареал има забележано 57 победи, 30 реми и 44 порази. Во сезоната 2019/20, екипата заврши на петтото место и обезбеди учество во Лигата на Европа. Според шпанскиот печат, Каљеха ќе го замени Унаи Емери кој беше отпуштен од Арсенал во ноември минатата година. зс/

Остани поврзан