• среда, 16 октомври 2024

Видодо ги осуди израелските напади врз УНИФИЛ

Видодо ги осуди израелските напади врз УНИФИЛ

Џакарта, 15 октомври 2024 (МИА) – Претседателот на Индонезија, Џоко Видодо денеска ги осуди израелските напади врз припадниците на Мировната мисија на ОН во Либан (УНИФИЛ).

Силно го осудуваме (нападот). Мировниците не треба да бидат напаѓани, а сепак тие се повредени во овој инцидент, наведе Видодо.

Двајца индонезиски војници беа повредени на 10 октомври за време на израелски напад врз позиција на УНИФИЛ во Накура. Третиот индонезиски мировник беше повредени на 13 октомври при напад врз истата база.

Израелската армија призна дека отворила оган, но тврди дека напаѓала припадници на Хезболах, кои дејствувале во близина на позициите на УНИФИЛ. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан