• недела, 22 декември 2024

Совет на Европа: Русија сака да го избрише историскиот и културен идентитет на Украина

Совет на Европа: Русија сака да го избрише историскиот и културен идентитет на Украина

Стразбур, 15 октомври 2024 (МИА) – Русија, која ограбува и уништува бројни историски локалитети, се обидува да го „избрише историскиот и културниот идентитет на Украина“, соопшти денеска Советот на Европа, осудувајќи ја „геноцидната намера на Москва. "

Во соопштението за уништувањето на културното наследство во Украина, Конгресот на локални и регионални власти на Советот на Европа „повтори ја осуди актуелната агресивна војна против Украина и ја потврди нејзината непоколеблива посветеност на независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во рамките на нејзината меѓународно признати граници“.

Конгресот ги осуди „континуираните напади на Русија врз местата на културно наследство во Украина, што го прекршува меѓународното хуманитарно право“.

„Имајќи предвид дека повеќе од илјада културни објекти се оштетени или уништени од почетокот на војната, Конгресот нагласи дека гаѓањето и грабежот на културните објекти одразува систематска политика насочена кон бришење на историскиот идентитет и култура на Украина, што е геноцидно во својата намера“, се наведува во декларацијата усвоена денеска од Конгресот на локални и регионални власти на Советот на Европа.

Русија беше членка на Советот на Европа, од каде беше исклучена во март 2022 година, неколку недели по почетокот на нејзината инвазија на Украина, потсетуваат француските медиуми.

„Русија мора да плати компензација за штетата предизвикана на историското, културното и верското наследство“, се наведува во соопштението на Советот на Европа, што на почетокот на април го формираше Регистарот на штети предизвикани од руската агресија врз Украина.

Конгресот ги повика локалните и регионалните власти ширум Европа да ги засилат своите напори да и помогнат на Украина „со воспоставување вистинско партнерство за културното наследство“.сд/

фото: МИА архива

Остани поврзан