• среда, 18 декември 2024

Четворица загинати во несреќа со мигранти во морскиот дел во близина на грчкиот остров Кос

Четворица загинати во несреќа со мигранти во морскиот дел во близина на грчкиот остров Кос

Атина, 15 октомври 2024 (МИА) – Четири лица го загубија животот, а 26 се спасени откако се превртел чамец со мигранти во морскиот дел во близина на грчкиот остров Кос, според неофицијалните информации, јави дописничката на МИА од Атина.

Несреќата се случи доцна вечерва, а засега непознати се причините.

Според локалните медиуми од островот, меѓу загинатите се две деца.

Крајбрежната служба на Грција продолжува со спасувачката акција за евентуално пронаоѓање на исчезнати лица. ср/

Остани поврзан