• среда, 25 декември 2024

Велика Британија не планира да и испорача авиони на Украина, изјави портпаролот на премиерот Сунак

Велика Британија не планира да и испорача авиони на Украина, изјави портпаролот на премиерот Сунак

Лондон, 15 мај 2023 (МИА) - Велика Британија не планира да испрати борбени авиони во Украина откако украинската војска навести дека би била среќна доколку користи Ф-16, изјави денеска портпаролот на премиерот Риши Сунак.

На прашањето дали Британија ќе испрати борбени авиони во Украина, портпаролот рече: „Нема планови за такво нешто“.

-Украинците одлучија да обучуваат пилоти на Ф-16, а знаете дека РАФ не ги користи, рече портпаролот, додека украинскиот претседател Володимир Зеленски се наоѓа во посета на велика Британија и од Западот бара да испрати борбени авиони.

Зеленски додаде дека е оптимист за претстојните „многу важни одлуки“ за испорака на борбени авиони што ги бара од западните земји за одбрана од руска инвазија.

-Сакаме да создадеме „коалиција за авиони“ и јас сум многу оптимист за тоа, разговаравме за тоа и мислам дека тоа ќе се случи многу скоро, ќе бидете информирани за одлуките што ги сметам за многу важни, им рече Зеленски на новинарите по разговорот со Сунак.

Велика Британија, која е меѓу главните земји што му помагаат на Киев, минатата недела објави дека ќе испрати крстосувачки ракети Storm Shadow во Украина, со што ќе стане првата земја што ја снабдува со оружје со вака долг дострел.

Лондон во 2022 година испрати воена помош на Киев во вредност од 2,65 милијарди евра, а владата најави дека ќе продолжи да помага на тоа ниво и годинава, што е втора најголема помош за земјата, по онаа на САД. сд/

Остани поврзан