• среда, 25 декември 2024

Ван Дајк: Ливерпул ќе атакува на Лигата на шампионите

Ван Дајк: Ливерпул ќе атакува на Лигата на шампионите

Ливерпул, 2 октомври 2024 (МИА) - За играчите на Ливерпул домашните натпревари во Лигата на шампионите се можеби најпријатното нешто во фудбалот, вели капитенот на „црвените“, Вирџил ван Дајк пред средбата со Болоња на „Енфилд“. 

Шесткратниот шампион има три бода по победата од 3:1 против Милан во првиот натпревар од ова натпреварување.

-Фудбалерите на Ливерпул имаат многу привилегии и да се игра на „Енфилд“ во Лигата на шампионите е блиску до врвот на листата. Некои од најубавите спомени од мојата кариера се поврзуваат со вакви вечери, но тоа не ми е доволно. Сакам повеќе. Секоја сезона повторуваме како ќе атакуваме на трофеи во сите натпреварувања, но ова особено важи за Лигата на шампионите, изјави Ван Дајк. дс

Фото: Архива

Остани поврзан