• петок, 27 декември 2024

Британската влада предупредува на ризик од руско мешање на изборите во Велика Британија

Британската влада предупредува на ризик од руско мешање на изборите во Велика Британија

Лондон, 30 јуни 2024 (МИА) - Британскиот вицепремиер Оливер Дауден денеска предупреди за ризик од руско мешање во кампањата за парламентарните избори во Велика Британија на 4 јули, откако австралиски медиум откри координирана активност од ваков вид на „Фејсбук“.

„При сите избори постои закана, и навистина ја гледаме при овие избори, од непријателски учесници кои се обидуваат да влијаат на резултатот“ од гласањето, изјави Оливер Дауден за телевизијата „Скај њуз“.

-„Русија е пример за ова и тоа е класичен пример на руската игра“, додаде тој, мислејќи на операција на „ниско ниво“.

Австралиската јавна телевизија Еј Би Си идентификуваше пет координирани „Фејсбук“ страници со вкупно 190.000 претплатници, кои критикуваат неколку британски политички партии, вклучувајќи ги лабуристите и конзервативците, но понекогаш ја поддржуваат антиимиграционата партија на Најџел Фараж „Реформа Обединето Кралство“. Експерти интервјуирани од Еј Би Си во тоа гледаат знак за руско влијание.

„Никако не претпоставувам дека има некаков вид директен заговор“ меѓу Русија и лидерот на антиимиграционата партија „Реформа УК“ Најџел Фараж, изјави Оливер Дауден, истакнувајќи дека целта му е „да предупреди“ за „заканата од руска државна интервенција во нашите избори“.

Од друга страна, тој ги осуди неодамнешните коментари на Фараж дека Западот ја „испровоцирал“ војната во Украина.

Запрашан во етерот на телевизијата „Скај њуз“ за стравувањата од странско мешање, Фараж ги нарече тврдењата на Дауден „руска лажна вест“.

Тој, исто така, повтори дека случајот со расистичките забелешки за британскиот премиер Риши Сунак дадени од еден од неговите активисти е „стапица“. - Тоа беше само еден трик од почеток до крај“ и „намерен обид да се уништи нашата кампања, рече Фараж. ссм/

фото: архива

Остани поврзан