• понеделник, 18 ноември 2024

Билатерална средба во Центар за обука меѓу делегациите на македонскиот и германскиот државен секретар

Билатерална средба во Центар за обука меѓу делегациите на македонскиот и германскиот државен секретар

Скопје, 18 јули 2024 (МИА) - Делегација од Сојузното министерство за внатрешни работи и татковина на Сојузна Република Германија, предводена од државниот секретар Бернд Кресер денеска го посети Центарот за обука на МВР. Кресер беше пречекан од државниот секретар на македонското Министерство за внатрешни работи Сашо Петрушевски и помошник министерот на Центарот за обука Влатко Митковски, при што потоа се реализираше и билатерална средба.

Посетата е во рамки на официјалната посета на македонското Министерство за внатрешни работи. Како што соопштија од МВР, на средбата на Кресер со Петрушевски и Митковски се зборуваше за структурата и капацитетите на Центарот за обука, со акцент на приоритетите за соработка со соодветните служби во рамки на двете министерства, како и за плановите за унапредување на капацитетите на центарот.

-Беше направена и обиколка на просторните капацитети на Центарот за обука, а државниот секретар Петрушевски изрази голема благодарност за сите досегашни донации и поддршка, што воглавно се реализира преку Канцелариите за врски на сојузната полиција и сојузната криминалистичка полиција, при амбасадата на Сојузна Република Германија во Скопје, се вели во соопштението на МВР. бт/нд/

Фото: МВР

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан