• четврток, 09 април 2026

Бесплатни превентивни прегледи на платото пред Здравствен дом „Железничар“ за Меѓународниот ден на здравјето

Бесплатни превентивни прегледи на платото пред Здравствен дом „Железничар“ за Меѓународниот ден на здравјето

Скопје, 7 април 2026 (МИА) - По повод 7 април, Меѓународниот ден на здравјето, ЈЗУ Здравствен дом „Железничар“ во Скопје организира бесплатни превентивни прегледи со цел навремено откривање и превенција на заболувања. Прегледите ќе се реализираат на платото пред влезот на ЈЗУ ЗД „Железничар“ од 12 до 14 часот. Ќе се вршат прегледи за кардиоваскуларно здравје - мерење крвен притисок, проверка на шеќер и холестерол во крвта, мерење телесна тежина и висина, мерење обем на половина и колк, ќе има можност за консултации со медицински лица, како и други совети за здрав живот - соопштија од јавната здравствена установа.

На акцијата ќе се придружи и „Хема-онко“, здружение посветено на пациенти со рак и нивни негователи. Настанот ќе биде збогатен со изложба на Живко Поповски-Цветин со мото „Цвеќе, здравје, мир“. Тој е познат сликар и хуманист на домашната и меѓународната сцена по својот уникатен уметнички израз, во кој цветот е централниот симбол. Ќе ни се придружат и поетите Драгица Пандиловска, Павле Стојановски и Љубица Бунтеска, како и оперската певица Серафима Фантаузо - информираа од Здравствениот дом. бд/ев/

Фото: МИА архива

Остани поврзан