Бериша: Подготвени сме за возвишени дела, блокада на парламентот, штрајк со глад
- Лидерот на опозициската Демократска партија, Сали Бериша изјави дека опозициските пратеници се подготвени за возвишени дела, болката на парламентот и штрајкови со глад, доколку пратеничкиот имунитет на вицепремиерката Белинда Балуку не биде укинат.
Тирана, 3 март 2026 (МИА) - Лидерот на опозициската Демократска партија, Сали Бериша изјави дека опозициските пратеници се подготвени за возвишени дела, блокада на парламентот и штрајкови со глад, доколку пратеничкиот имунитет на вицепремиерката Белинда Балуку не биде укинат.
- Вистината е дека пратениците одамна ја изразија својата решеност да преминат на возвишени акти, тука и штрајк со глад. И ништо не е исклучено. Но, сè ќе биде преземено, во вистинскиот момент. Мислам дека зборот на народот е главното прашање на дневен ред, народот мора да зборува затоа што она што им се случува на Албанците е без преседан во историјата, рече тој на денешната средба со новинарите.
Балуку, која е и министерка за инфраструктура и енергетика, е осомничена за корупција од Специјалното обвинителство против корупција и организиран криминал (СПАК). Со реконструкцијата на владиниот кабинет, премиерот Еди Рама, ја разреши и на нејзино место ќе биде Албана Кочиу, актуелна министерка за внатрешни работи.
Специјалниот суд, од законодавниот дом бара одземање на пратеничкиот имунитет, за што треба да расправаат пратениците, бидејќи според позитивните законски прописи избран пратеник на министерска функција и понатаму останува пратеник со право на глас.
Бериша уште еднаш повтори дека Рама мора да биде соборен, но оти тоа само граѓаните можат да го сторат и ги повика на масовност на протестот што го најави на денот кога на дневен ред ќе биде прашањето за Балуку. вт/ми/
Фото: Бериша Фејсбук