• четврток, 05 март 2026

Анкара го повика иранскиот амбасадор на разговори поради ракета насочена кон Турција

Анкара го повика иранскиот амбасадор на разговори поради ракета насочена кон Турција

Анкара, 4 март 2026 (МИА) - Анкара го повика иранскиот амбасадор на разговори за да го изрази својот протест поради испуканата балистичка ракета во турскиот воздушен простор.

Турското Министерство за одбрана објави дека ракетата денеска била соборена од воздушната одбрана на НАТО откако прелетала над Ирак и Сирија од Иран.

Дипломатски извор изјави дека иранскиот амбасадор бил повикан во турското Министерство за надворешни работи во Анкара за да може турската влада официјално да го изрази својот протест.

Портпаролката на НАТО, Алисон Харт, претходно изјави: „Го осудуваме иранското насочување кон Турција. НАТО цврсто стои со сите сојузници, вклучително и Турција, додека Иран продолжува со своите неселективни напади низ регионот.“

Турција, исто така, изјави дека ќе разговара со НАТО и другите сојузници по инцидентот. мс/

фото: Архива

Остани поврзан