• сабота, 28 декември 2024

Бензема се откажа од жалба за случајот со уцена на Валбуена

Бензема се откажа од жалба за случајот со уцена на Валбуена
Париз, 4 јуни 2022 (МИА) - Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема се откажа од жалбата во случајот со уценувањето на фудбалерот Матје Валбуена со видео од интимна природа. Судењето требаше да се одржи на крајот на мај, но Бензема се премисли за жалба на казната и така казната затвор една година условно, како и парична казна од 75.000 евра,  остана во сила. Да потсетиме дека истрагата го сомничи Бензема дека во 2015 година дејствувал како посредник, поттикнувајќи го Валбуена да плати уценувачи за да не објавуваат видео од од него со интимна содржина. Поради ситуацијата со уцена, двајцата фудбалери не беа вклучени во францускиот состав за Евро 2016 година. Бензема не беше повикан во националниот тим до 2021 година, тој ја пропушти победата на „триколорите“ на Светското првенство 2018 година. зс/

Остани поврзан