• среда, 28 август 2024

Без вода дел од населбите Кисела Вода и Бардовци

Без вода дел од населбите Кисела Вода и Бардовци

Скопје, 12 август 2024 (МИА) - Без вода денеска од 8:10 часот се дел од корисниците лоцирани на улица „Христо Татарчев“, од крстосницата кај „Гет кафе“ до кружниот тек на последната автобуска станица од линијата број 24 и дел од жителите од улицата „Георги Димитров“ во општина Кисела Вода. 

Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, прекинот е поради дефект ф-200 милиметри на улица „Христо Татарчев“ бр.54 во населба Кисела Вода.

Поради уличен дефект ф-80 милиметри на улица „4“ без број во Бардовци, без вода денеска од 8:35 часот ќе бидат дел од жителите лоцирани на улиците „4“ и „2“ во оваа населба. 

Корисниците ќе бидат без вода се до санирање на дефектите. мд/дма/

Фото: МИА архива 

 

Остани поврзан