• петок, 27 декември 2024

Без струја утре делови од неколку скопски општини

Без струја утре делови од неколку скопски општини
Скопје, 4 јули 2022 (МИА) - Поради закажани технички зафати во ситемот утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Сарај, Студеничани, Кисела Вода, Ѓорче Петров, Чаир и Аеродром. Од РЦУК Скопје информираат дека утре од 08.00 до 12.00 часот без струја ќе бидат дел од село Крушопек – дел околу стопанските субјекти во Општина Сарај, од 12.00 до 15.00 часот ул. „2“ во с. Студеничани во Општина Студеничани, од 11.00 до 13.00 часот ул. „Томе Арсовски“ бр. 30 во Општина Кисела Вода, од 09.00 до 12.00 часот ул. „Антон Чехов“ во Општина Ѓорче Петров, од 07.30 до 15.30 часот корисниците од улиците „Македонски Кралеви“, „363“, „Клинска Река“, „Славеј Планина“, „391“, „Стојко Јовановски“, „Св. Прохор Пчински“, „7-ми Јули“, „Максут Садиќ“, „Пере Тошев“, „Кримска“, „Исмаил Кадаре“, ул. „380“ и бул. „Македонско Косовска Бригада“ во Општина Чаир и од 09.00  до 13.00 часот ул. „Боковиќ“ од бр. 8 – 10 и ул. „Митре Влаот“ бр. 20 во Општина Аеродром. дма/

Остани поврзан