• понеделник, 30 септември 2024

Бангладеш: Водата се повлекува, 300.000 луѓе се уште се во засолништа

Бангладеш: Водата се повлекува, 300.000 луѓе се уште се во засолништа

Дака, 25 август 2024 (МИА) - Неколку дена по разорните поплави, водите на реките Бангладеш се намалуваат, но 300.000 луѓе се уште се во засолништа и им е потребна помош, соопштија деенска   службите за итни случаи.

Најмалку 18 лица загинаа во поплавите, а природната непогода ги надополни другите проблеми со кои се соочува новата влада.

- Спасувачките тимови, во кои учествуваат припадници на сите гранки на армијата, им помагаат на луѓето кои мораа да ги напуштат своите домови поради поплавите и на оние кои изгубија се, изјави министерот за управување со природни катастрофи Фарук-е-Азам.

- Состојбата е подобра, водата што се излеа од реките се повлекува, рече министерот.

Околу 307.000 луѓе се уште се во засолништа, а повеќе од 5,2 милиони луѓе ги трпат последиците од поплавите. зш/

Остани поврзан