• среда, 25 декември 2024

Крозето: Италија во моментов не размислува за повлекување на својот контингент од Либан

Крозето: Италија во моментов не размислува за повлекување на својот контингент од Либан

Рим, 29 септември 2024 (МИА) - Италијанскиот министер за одбрана Гвидо Крозето денеска изјави дека засега нема непосредна закана за италијанската армија во Либан и дека Италија не размислува за повлекување на својот контингент, иако ситуацијата е „исклучително деликатна“.

Тој рече дека постојано е информиран за развојот на настаните во Либан, пренесе агенцијата Анса.

„Мисијата УНИФИЛ не е цел на нападот, иако е можно случајно да биде вовлечена поради зголеменото ниво и интензитетот на борбите“, рече Крозето. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан