• четврток, 26 декември 2024

Балетска претстава „Рајмонда“, по повод Светскиот ден на балетот 

Балетска претстава „Рајмонда“, по повод Светскиот ден на балетот 
Скопје, 1 ноември 2022 (МИА) - Во пресрет на Светскиот ден на балетот,  денеска на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе балетска класика „Рајмонда“ од Александар Глазунов. Диригент на претставата е Бисера Чадловска, кореограф е Виктор Јаременко од Украина. Костимите и сценографијата се на гостите од Украина, Гана Ипатиева и Андреј Злобин. Во главните улоги ќе настапат: Мими Поп Алексова Атанасовска, Балаж Лочеи (Унгарија), Абдурахман: Васил Чичиашвили (Грузија), Илијана Данилов, Христина Наќевска, Наташа Трендафилова Гицев, Игор Веланоски и Ендру Кук (Англија). Настапуваат солистите, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет. „Рајмонда“ е балет во два чина. Светската премиера е одржана во Маринскиот театар во Санкт Петербург, во јануари, 1898 година. Либретото за балетот „Рајмонда“ е базирано на типичната драматургија која го обележува времето на Романтизмот. Во драмите (приказните) на овој уметнички правец доминираат темите за јунаштвото, благородништвото, љубовта, достоинството и честа. цр/лв/

Остани поврзан