• сабота, 16 ноември 2024

Асад: Потребно е долго време за да се порази тероризмот

Асад: Потребно е долго време за да се порази тероризмот
Москва, 5 октомври 2020 (МИА) - Сирискиот претседател Башар ал Асад изјави дека е потребен подолг период за да се порази идеологијата на тероризмот во Сирија, а за нејзиното ширење го обвини Западот. - Екстремистичките и фанатички идеи се ширеле 50 години, почнувајќи од 60-те години на минатиот век. Финансирањето одигра најголема улога. Стотици милијарди долари се потрошени за нивна пропаганда, истакна Асад во интервју за руската телевизија „Ѕвезда“. Тој нагласи дека Западот го охрабрувал ширењето на таквите идеи уште од времето на британската доминација, кога бил поттикнуван верскиот екстремизам на почетокот од 20. век. - Затоа ќе ни биде потребно време за да го победиме, истакна сирискиот претседател, оценувајќи дека идеолошката војна е потешка од традиционалната. Асад изјави дека тероризмот и се заканува на Сирија од 50-те години и повеќето Сиријци морале да живеат со тероризмот. - Дури и кога ќе го поразиме, мораме да бидеме свесни дека би можел да се врати, бидејќи тероризмот не се луѓето, тоа се идеи. Се додека Западот сонува за враќање на своето империјалистичко минато, својата хегемонија, тероризмот може да оживее во оваа или онаа форма, додаде Асад. гт/

Остани поврзан