• недела, 13 октомври 2024

Англија без Сака против Финска

Англија без Сака против Финска

 

Лондон, 12 октомври 2024 (МИА) – Крилниот напаѓач на англиската фудбалска репрезентација Букајо Сака се врати во Арсенал за дополнителни медицински прегледи поради повредата на ногата и ќе го пропушти утрешниот натпревар од Лигата на нации против Финска, соопшти денеска Фудбалската федерација на Англија (ФА).

Сака принудно го напушти теренот во 51. минута во поразот на Англија со 2-1 од Грција на Вембли во четвртокот.

Привремениот селектор на Англија, Ли Карсли, изјави дека Сака ја повредил ногата.

Англија на дуелот во Хелсинки ќе биде и без играчот од средниот ред на Ливерпул, Кертис Џонс, кој се повлече од лични причини, се додава во соопштението на ФА.

Англија по три кола е на второто место на табелата во групата Б2, со три бодови помалку од Грција.

Повредата на Сака е удар за Арсенал бидејќи се повреди и нивниот капитен Мартин Одегард.

Тимот на Микел Артета игра со Бурнмаут во Премиер лигата следната сабота.ег

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан