• среда, 25 декември 2024

Американска амбасадорка во НАТО: Инсистираме на деескалација на ситуацијата на Косово

Американска амбасадорка во НАТО: Инсистираме на деескалација на ситуацијата на Косово

Њујорк, 10 октомври 2023 (МИА) - Амбасадорката на САД во НАТО Џулиен Смит денеска изјави дека Алијансата инсистира на деескалација на Косово, нагласувајќи дека сојузниците ја следат ситуацијата на Западен Балкан.

„Загрижени сме поради зголемувањето на нестабилноста и насилството“, рече Смит на онлајн брифинг, додавајќи дека токму поради тоа КФОР одлучил да го зголеми своето присуство на војници во Косово.

Таа посочи дека единствен начин за излез од сегашната ситуација е дијалог со посредство на Европската унија.

„Ќе продолжиме да ја следиме ситуацијата во регионот и ќе инсистираме на деескалација“, рече Смит.

Зборувајќи за ситуацијата во Израел, американската амбасадорка во НАТО рече дека САД недвосмислено ги осудуваат нападите на палестинската милитантна група Хамас врз Израел. паг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан