• вторник, 20 јануари 2026

Министрите од еврозоната денеска разговараат за воведувањето на еврото во Бугарија

Министрите од еврозоната денеска разговараат за воведувањето на еврото во Бугарија

Брисел, 19 јануари 2026, (МИА) -Европскиот комесар за економски прашања Валдис Домбровскис денеска изјави дека воведувањето на еврото во Бугарија е голем чекор за земјата и позитивен развој за еврозоната.

Тој истакна дека Еврогрупата денес ќе биде информирана за практичната имплементација на промените во Бугарија поврзани со еврото.

Пред почетокот на состанокот на Еврогрупата денеска, Домбровскис им изјави на новинарите дека министрите за финансии на земјите од еврозоната ќе ја слушнат бугарска министерка за финансии во змаинување, Теменушка Петкова.

Претходно, бугарското Министерство за финансии објави дека програмата предвидува извештај за процесот на воведување на единствената европска валута во Бугарија од страна на министерката Петкова, претставници на Европската комисија и Европската централна банка.

Според Домбровскис, на состанокот ќе бидат разгледани и најновите геополитички настани. Треба да се напомене дека Европската Унија сочувствува со Данска и Гренланд и го поддржува принципот на почитување на суверенитетот и територијалниот интегритет на своите земји, рече европскиот комесар. Тој ги оцени како неприфатливи заканите за царини упатени од американскиот претседател Доналд Трамп, кој ја искажа својата подготвеност да воведе дополнителни даноци на земјите што го поддржуваат Гренланд во спорот со Вашингтон.

-Не смееме да заборавиме дека Трансатлантското партнерство за трговија и инвестиции е најголемо во светот. И Европската Унија и САД имаат многу да изгубат, па затоа мора да се бара конструктивно решение во рамките на меѓународното право, нагласи Домбровскис. Не се исклучуваат опции за одговор, треба итно да одговориме, додаде тој, во врска со можната реакција од европска страна доколку Вашингтон ги спроведе упатените закани.

текст на БТА

Остани поврзан