• вторник, 20 јануари 2026

Руте: НАТО ќе продолжи да соработува со Данска и Гренланд за безбедноста на Арктикот

Руте: НАТО ќе продолжи да соработува со Данска и Гренланд за безбедноста на Арктикот

Брисел, 19 јануари 2026 (МИА) - НАТО ќе продолжи да соработува со Данска и Гренланд за безбедноста на Арктикот, изјави денеска генералниот секретар на воената алијанса, Марк Руте, по средбата со данскиот министер за одбрана и министерот за надворешни работи на Гренланд.

„Разговаравме колку е важен Арктикот - вклучувајќи го и Гренланд - за нашата колективна безбедност и како Данска ја презема одговорноста за инвестициите во клучните воени капацитети“, напиша Руте на социјалната платформа Х.

„Ќе продолжиме да соработуваме како сојузници за тие важни прашања“, истакна генералниот секретар на НАТО. зш/

Остани поврзан