• недела, 10 ноември 2024

Алонсо: Предавањето на трофејот во Леверкузен ќе биде исклучително посебен настан

Алонсо: Предавањето на трофејот во Леверкузен ќе биде исклучително посебен настан

Леверкузен, 14 мај 2024 (МИА) - Тренерот на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо ги сподели своите емоции по серијата на неговиот клуб од 50 натпревари без пораз на сите турнири.

- Предавањето на трофејот во Леверкузен ќе биде исклучително посебен настан. Играчите играа со огромна концентрација цела сезона, и јас сум многу горд на нив, изјави Алонсо, цитиран од официјалниот сајт на Бундеслигата.

Избраниците на Алонсо на 12 мај го совладаа Бохум на гости во натпреварот од 33. коло во Бундес лигата - 5:0. Баер сега има 50 натпревари без пораз во низа.

„Фармацевтитре“ станаа третиот тим во историјата на европскиот фудбал кој стигнал до бројката од 50 натпревари без пораз. Претходно тоа го постигнаа Селтик (52 натпревари од 1915 до 1917 година) и белгискиот Унион (60, 1933-1935). зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан