• сабота, 23 ноември 2024

Скандал во ракометниот Куп на Македонија, ракометарки си постигнуваа автоголови, министерот Ристовски најави одземање на лиценците за натпреварување

Скандал во ракометниот Куп на Македонија, ракометарки си постигнуваа автоголови, министерот Ристовски најави одземање на лиценците за натпреварување

Скопје, 9 ноември 2024 (МИА) - Натпреварот Скопје - Гевгелија од В-групата во Купот на Македонија за ракометарки го одбележаа скандалозни сцени. Во финишот од натпреварот ракометарки на двете екипи си постигнуваа автоголови и намерно промашуваа кога беа во напад за да не победат.

Судиите прво го прекинаа натпреварот, но по консултација со делегат дозволија истиот да заврши. На крајот Гевгелија победи со 17:16.

Министерот за спорт, Борко Ристовски, во вечерашното гостување на ТВ Сител изјави дека в понеделник на двете екипи ќе им бидат одземени лиценците за занимавање со дејност спорт. зс/

Фото: РФМ

Остани поврзан