• вторник, 24 декември 2024

Министри, дипломати и политичари меѓу гостите на приемот во Софија по повод националниот празник на Турција

Министри, дипломати и политичари меѓу гостите на приемот во Софија по повод националниот празник на Турција

Софија, 30 октомври 2024 - На приемот по повод 101- годишнината од основањето на Република Турција, организиран од амбасадата на земјата во Софија, синоќа се собраа голем број гости, меѓу кои министри, дипломати, претставници на политички партии, објави Дирекцијата за комуникации на турското претседателство во Софија во соопштение испратено до БТА.

Ова е веста, која денеска ја избра МИА од сервисот на Бугарската телеграфска агенција (БТА), согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка, кој предвидува секој ден националните информативни агенции на Северна Македонија и Бугарија да разменуваат по една вест, која ќе ја објават на својот интернет сајт без промени со изрично посочување и цитирање на партнерот како извор.

Меѓу гостите на приемот што се одржа во хотелот „Рамада“ во Софија беа и министерот за туризам Евтим Милошев, министерот за внатрешни работи Атанас Илков, министерот за труд и социјална политика Ивајло Иванов и заменик министерката за надворешни работи Елена Шекерлетова.

Турскиот амбасадор во Бугарија Мехмет Саит Ујанак во својот говор ги истакна блиските односи меѓу двете земји, посочувајќи дека нивната заедничка историја, културното наследство и географската близина придонеле за воспоставување здраво партнерство.

„Нашите пријателски односи со Бугарија отсекогаш биле од големо значење за нас, не само како две соседни земји, туку и како два народа збогатени со заедничко културно наследство. Овие заеднички вредности ги зајакнуваат нашите врски и ја продлабочуваат нашата соработка секој изминат ден", рече Ујанак.

Амбасадорот го истакна и значителното зголемување на туристичките посети на Бугарите во Турција, посочувајќи дека само минатиот месец неговата земја ја посетиле 236 илјади луѓе од Бугарија. Според амбасадорот, оваа културна и туристичка размена придонесува за пријателството меѓу двете земји.

Во историска смисла, Ујанак потсети дека Бугарија е меѓу првите земји кои воспоставиле дипломатски односи со Република Турција, кои, како што истакна, се официјализирани со договорот за пријателство од 1925 година.

За време на приемот беше емитувана и специјална видео порака од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган по повод националниот празник на земјата, се наведува во соопштението.

Ова е веста, која денеска ја избра МИА од сервисот на Бугарската телеграфска агенција (БТА), согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка, кој предвидува секој ден националните информативни агенции на Северна Македонија и Бугарија да разменуваат по една вест, која ќе ја објават на својот интернет сајт без промени со изрично посочување и цитирање на партнерот како извор.

Медиумската информативна агенција овие текстови ги објавува во оригинална форма, согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка меѓу двете национални новински агенции МИА и БТА.

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан