Трипуновски: Со поддршка на земјоделците и правилните аграрни политики, ќе изградиме цврсто и одржливо земјоделство
- Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски вечерва беше во посета на населеното место Прељубиште во Општина Јегуновце, каде гослушнал гласот на земјоделците.
- Post By Фатиме Фазљији
- 21:49, 8 April, 2026
Скопје, 8 април 2026 (МИА) - Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски вечерва беше во посета на населеното место Прељубиште во Општина Јегуновце, каде гослушнал гласот на земјоделците.
Тој присуствуваше на трибината која се реализира во рамки на кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“.

Трипуновски информира дека со земјоделците разговарале за актуелните теми во земјоделскиот сектор, како и за поттикнување на домашното производство.
-Во Општина Јегуновце има потенцијал за зголемување на земјоделското производство, со поддршка на земјоделците и правилните аграрни политики, ќе изградиме цврсто и одржливо земјоделство, нагласил министерот Трипуновски. фф/ац/
Фото: Фејсбук на Цветан Трипуновски