• Thursday, 09 April 2026

Делови од Центар и Ѓорче Петров времено без струја

Делови од Центар и Ѓорче Петров времено без струја

Скопје, 9 април 2026 (МИА) - Делови од општина Центар и општина Ѓорче Петров денеска ќе останат одреден временски период без струја поради зафати во електродистрибутивната мрежа. 

Регионалниот центар за управување со кризи. повикувајќи се на информации од ЕВН Македонија, информира дека во периодот од 06 до 12 часот без струја ќе бидат дел од улицата „Ленинова“ околу Холандската амбасада, дел од улицата „Коле Неделковски“ и дел од улицата „Киро Крстевски- Платник“ во општина Центар, а од 09 до 14 часот, дел од корисниците на улицата 95. во Волково. бак/

Фото: МИА архива