• Thursday, 09 April 2026

„Гласот на ромската жена“ вечерва во Музејот на современата уметност во Скопје

„Гласот на ромската жена“ вечерва во Музејот на современата уметност во Скопје

Скопје, 9 април 2026 (МИА) - Во Музејот на современата уметност вечерва ќе се одржи културен настан со наслов „Гласот на ромската жена“, во организација на Ромскиот културен и медиумски центар „Бариканипе“ од Скопје.

Настанот се организира по повод Меѓународниот ден на Ромите - 8 Април, а во рамките на одбележувањето ќе биде промовирана книжевната едиција „Авантурите на лавот Лео“, составена од четири сликовници на ромски и македонски јазик. Автор на изданијата е младата писателка Џемилијана Абдулова.

Во текот на вечерта ќе бидат доделени и медали за заслуга на пет ромски жени, кои, според организаторите, дале значаен придонес за севкупниот напредок на ромската заедница и нејзината афирмација во современото македонско општество.

Ромскиот културен и медиумски центар „Бариканипе“ е здружение на млади студенти, чија работа е насочена кон анализирање и креирање политики, унапредување на културното творештво, поттикнување на издавачката дејност и подобрување на ромското медиумско милје преку продуцирање и едукација на стручен кадар. Во својата работа здружението соработува со реномирани и истакнати ромски дејци како стручни консултанти. бк/бак/

фото: МИА