• Thursday, 05 February 2026

Приведен кавадарчанец, при претрес му биле пронајдени оружје и муниција

Приведен кавадарчанец, при претрес му биле пронајдени оружје и муниција

Кавадарци, 5 февруари 2026 (МИА) - Приведен е кавадарчанец кај кого при претрес биле пронајдени оружје и муниција, информираа денеска од Министерството за внатрешни работи.

-Синоќа во 22 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода А.М.(38) од овој град. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба од кавадаречкиот основен суд, биле пронајдени и одземени гасен пиштол, рамка со куршум, воздушен пиштол, два револвери и 58 куршуми 9 мм, кои ги поседувал без соодветна документација, појаснија од МВР.

Оттаму посочија дека тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе била поднесена соодветна пријава.свд/

Фото: МИА архива