Општина Дебар ќе отстранува возила во неисправна состојба од јавни површини
- Општина Дебар денеска почна активност за отстранување, од јавните површини, на неисправни возила, кои го попречуваат слободното движење на пешаците и возилата.

Дебар, 5 февруари 2026 (МИА) – Општина Дебар денеска почна активност за отстранување, од јавните површини, на неисправни возила, кои го попречуваат слободното движење на пешаците и возилата.
-Општинскиот комунален инспектор по извршен теренски надзор, постапувајќи врз основа на позитивните законски прописи, за отстранување на возила во неисправна состојба, регистрираше 8 возила паркирани на јавни површини кои го попречуваат слободното движење на пешаците и возилата, информираа од општината.

При тоа на сите оштетени возила им се поставени известувања за доброволно отстранување од страна на сопствениците, кои тоа треба да го сторат во рок од 15 дена.
-Во спротивно по истекот на наведениот рок, ќе бидат преземени законски мерки против сопствениците и ќе биде извршено присилно отстранување, додаваат од општината.
Посочуваат дека оваа акција на Општина Дебар ќе продолжи и во наредните денови и ги „повикуваат сопствениците на оштетени возила да ги отстранат од јавните површини“. вт/вј/
Фото: Општина Дебар