• Friday, 06 February 2026

Ќе се гради нова улица до штипската Клиничка болница

Ќе се гради нова улица до штипската Клиничка болница

Штип, 5 февруари 2026 (МИА) – Општина Штип ја избра фирмата изведувач која од оваа пролет треба да започне со активности за изведба на нова сообраќајница, преку која ќе се поврзува штипската Клиничка болница и средното медицинско училиште „Јане Сандански“, со што ќе се растоварат од сообраќај постоечките улици кои водат до регионалната болница.

-Тоа значи дека три сообраќајници „Мирче Ацев“, „Вита Поп Јорданова“ и „Љубен Иванов“ кои водат на тој дел од градот ќе бидат растоварени со формирањето на оваа нова сообраќајница. И овој тендер е завршен, очекувам напролет да се почне со активности, избрана е најповолона фирма, компанија која ќе ја гради и верувам дека ова ќе придонесе за намалување на сообраќајниот метеж кој се јавува на овие три улици, рече Јорданов.

Дополнително ќе се работи и на нов кружен тек на булеварот „Партизанска“, поточно кај зградата на ЕВН, со што ќе се работи на зголемување на безбедноста во сообраќајот во Штип. Тековно ќе се работи на 17 улици кои се стари и дотраени, а оваа година ќе бидат целосно реконструирани.

-Улици во наелбите Пребег, Баби, Леваци, станува збор за тековно одржување, не станува збор за нова инфраструктура, туку за улици кои се дотраени, амортизирани и ќе бидат реконструирани, рече Јорданов.

Јорданов истакна дека оваа година во Штип ќе се реализараат и капитални проекти, како што се новата обиколницата, СКАДА системот, продолжување на булеварот „Гоце Делчев“ кај клучка со населба Три Чешми и изградба на спортскиот центар „Џексон“. вдј/вј/

Фото: МИА