• Thursday, 05 February 2026

Приведени двајца дебрани поради насилство и напад врз полициски службеници

Приведени двајца дебрани поради насилство и напад врз полициски службеници

Дебар, 5 февруари 2026 (МИА) - Поради насилство вез други лица и напад на полициски службеници пр вршење службени дејствија лишени се од слобода двајца дебрани.

- Лишени од слобода се А.Љ.(24) и А.Љ.(29), двајцата од Дебар, поради извршено кривично дело „насилство“ врз пет лица во близина на Дебар и поради тоа што нападнале полициски службеници кои извршувале службени дејства, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.

По целосно документирање на настанот, против нив, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Димоски, исто така, информраше дека вчера во 16:50 часот, во Одделението за внатрешни работи во Дебар е пријавено дека во куќа во Дебар, сопственост на Р.К. избувнал пожар. Повредени лица нема, а предизвикана е материјална штета. Интервенирала Територијалната противпожарна единица од Дебар. вт/

Фото: МИА