• Saturday, 19 October 2024

Борел ја критикуваше одлуката на САД за рокот за Израел да ја подобри хуманитарната ситуација во Газа

Борел ја критикуваше одлуката на САД за рокот за Израел да ја подобри хуманитарната ситуација во Газа

Eрусалим, 17 октомври 2024 (МИА) - Високиот претставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Жозеп Борел денеска ги критикуваше САД што му дадоа еден месец на Израел да ја подобри хуманитарната ситуација во Газа, предупредувајќи дека за тоа време многу луѓе ќе загинат.

„САД му кажаа на Израел дека треба да ја подобри хуманитарната поддршка за Газа, но одложено за еден месец. Еден месец одложено со сегашната стапка на убивање луѓе. Тоа е премногу луѓе“, им рече Борел на новинарите на самитот на лидерите на ЕУ.

Ирскиот премиер Сајмон Харис изјави дека ЕУ не прави доволно за да ја заврши војната и дека ќе продолжи да работи со Шпанија за да се измени динамиката во ЕУ со 27-те земји-членки.

„Европа сè уште не искористила се што и е на располагање за да се постигне прекин на огнот“, рече тој, според извештаите на израелските медиуми.

По пристигнувањето во Брисел, германскиот канцелар Олаф Шолц ги истакна разликите во Европа во врска со војната во Газа, велејќи дека безбедноста на Израел не би требало да биде загрозена. рп/

Фото: МИА архива

You May Also Like