• Sunday, 20 October 2024

Фон дер Лајен на балканска турнеја, во четврток во Скопје

Фон дер Лајен на балканска турнеја,  во четврток во Скопје

Тирана, 18 октомври 2024 (МИА) - Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен следната недела ќе престојува во Западен Балкан при што ќе  посети шест држави.

В среда таа ќе допатува во Тирана, која е прва нејзина дестинација. Ќе се сретне со премиерот Еди Рама и ќе учествува на свеченото отворање на кампусот на Колеџот на Европа.

В четврток тоа ќе се сретне со претседателот Бајрам Бегај, а потоа ќе замине за Северна Македонија, а ќе ги посети и поплавените подрачја во Босна и Херцеговина.

В петок таа ќе отпатува за Србија  а балканската турнеја ќе ја заврши во сабота со посета на Косово и Црна Гора. вт/

Фото: МИА