• Sunday, 20 October 2024

Регионални избори во ирачки Курдистан

Регионални избори во ирачки Курдистан

Ербил, 20 октомври 2024 (МИА) – Курдите денеска гласаат на регионални избори во нивниот полуавтономен регион во северен Ирак по повеќекратните одложувања.

Избирачките места се отворени. Се избираат 100 пратеници, кои потоа ќе бираат претседател на парламентот, претседател и премиер на Ирачки Курдистан, кој доби самоуправа во 1991 година.

Изборите првично беа закажани за 2022 година, но постојано беа одложувани поради несогласувања меѓу двете доминантни партии, Демократската партија на Курдистан и Патриотскиот сојуз на Курдистан.

Со слабата состојба во која се наоѓаат опозициските партии, се очекува двете политички сили да го продолжат повеќе од тридецениското заедничко владеење.

- Се надеваме дека наскоро ќе се формира обединета регионална влада и состојбата на граѓаните ќе се подобри, изјави претседателот на Ирачки Курдистан, Нечирван Барзани, откако гласаше во курдскиот главен град Ербил. ми/

фото: Википедија