• Sunday, 20 October 2024

Можно е да се работи на прекин на огнот во Либан, но ќе биде потешко во Газа, рече Бајден

Можно е да се работи на прекин на огнот во Либан, но ќе биде потешко во Газа, рече Бајден

Берлин, 18 октомври 2024 (МИА) - Американскиот претседател Џо Бајден изјави денеска дека е можно да се работи на прекин на огнот во Либан, но дека ќе биде потешко во Појасот Газа.

Бајден, кој е во посета на Берлин, изјави дека има информации за тоа како и кога Израел ќе одговори на ракетниот напад на Иран врз Израел извршен на 1 октомври, но не откри детали.

Бајден рече и дека постои можност да се постигне договор со Израел и Иран на начин што би можел привремено да го прекине нивниот конфликт на Блискиот Исток.

Американскиот претседател тоа го изјави на крајот од посетата на Берлин.

„Според мое мислење - и моите колеги се согласуваат - постои можност да се постигне договор со Израел и Иран на начин што ќе стави крај на конфликтот на некое време“, рече Бајден.

Џо Бајден изјави денеска дека нема консензус за давање оружје со голем дострел на Украина. зш/
фото ЕПА