Шолц скептичен за прифатните центри на мигранти надвор од ЕУ
- Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека мора да биде зголемена ефикасноста за враќање на мигрантите, но изрази скептицизам за отворање на прифатни центри за мигранти надвор од Европска Унија
Брисел, 17 октомври 2024 (МИА) – Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека мора да биде зголемена ефикасноста за враќање на мигрантите, но изрази скептицизам за отворање на прифатни центри за мигранти надвор од Европска Унија.
- Криминалците мора да бидат вратени. Мораме да овозможиме имиграција, да обезбедиме заштита на оние на кои им е потребна, но не може секој да дојде, посочи Шолц по пристигнувањето на Самитот на лидерите на ЕУ во Брисел.
Тој оцени дека на ЕУ и се потребни „депортации во согласност со европското право“.
Откако Италија отвори центар за мигранти во Албанија, а претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен посочи дека е отворена за овој концепт со цел да се запре протокот на мигранти, Шолц изрази скептицизам по ова прашање.
- Ако ги погледнете бројките, (таквите концепти) навистина не се решение за земја голема како Германија, наведе Шолц.
Тој оцени и дека Европа има многу да надомести во однос на конкурентноста, особено кога станува збор за индустријата и работните места и додаде дека тарифните спорови не водат никаде. ми/
фото: МИА архива