Честитка од Минчев по повод Бадник: Солидарноста и поддршката се темел на нашето општество
- Министерот за јавна администрација Горан Минчев упати честитка по повод христијанскиот празник Бадник.
- Post By Виолета Геров
- 13:40, 6 January, 2025
Скопје, 6 јануари 2025 (МИА) - Министерот за јавна администрација Горан Минчев упати честитка по повод христијанскиот празник Бадник.
- Овој ден, кој е симбол на семејството, љубовта и заедништвото, нека Ви донесе мир, радост и благосостојба во Вашите домови, се наведува во честитката.
Минчев потсетува на значењето на солидарноста и поддршката, кои се, како што наведува, темел на нашето општество.
- Да го прославиме овој празник, со отворени срца, споделувајќи го празничниот дух со најблиските, пријателите и сите околу нас. Воедно, да се потсетиме на значењето на солидарноста и поддршката, кои се темел на нашето општество. Во името на Министерството за јавна администрација, Ви посакувам среќен и бериќетен Бадник, исполнет со љубов и хармонија, се наведува во честитката од министерот за јавна администрација Горан Минчев. вг/бак/
Фото: Министерство за јавна администрација/МИА Архива