• Wednesday, 08 January 2025

Честистки за Божиќ од градоначаниците на Дебар и Маврово-Ростуше

Честистки за Божиќ од градоначаниците на Дебар и Маврово-Ростуше

Дебар, 7 јануари 2025 (МИА) - По повод христијанскиот празник Христовото раѓање - Божик, во црквата „Света Петка“ во Дебар, беше отслужена света златоустова литургија, а богослужби ќе има и следните два дена.

По литургијата, што ја одржа отец Миле Ангеловски, тој го прочита Божиќното послание на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, заедно со членовите на Светиот архиерејски синод на МПЦ-ОА а верниците се причестија со Светите Христови Тајни.

Вчера, пеејќи ја ангелската песната „Вечниот Бог“, во овој божји храм, отец Миле ги дочека децата од Дебар и селата од реканскиот крај, кои ја сочинуваа бадниковата поворка на радоста.

По повод празникот, честитки до православните верници упатија градоначалниците на општина Дебар, Хекуран Дука, на Маврово и Ростуше, Медат Куртовски и на Центар Жупа, Аријан Ибраим.

Тие од нивно и од име на Советите на општините и општинските администрации, на сите верници им посакаа здравје, среќа, радост, душевен мир, благосостојба и семејна хармонија, со порака и овој празник да биде одбележан во хармонија и заедно со сограѓаните, како што тоа е со векови на овие простори. вт/фф/

Фото: МИА

You May Also Like